Трговската размена на земјава лани 16,6 милијарди долари

Во периодот јануари – декември 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија. 

74

Вкупно 16.657.855.000 американски долари изнесува трговската размена на земјава за периодот јануари – декември 2019 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Вредноста на извозот е 7.187.566.000 долари и бележи раст од четири отсто во однос на истиот период во 2018 година, додека вредноста на увeзената стока е 9.470.289.000 долари што е зголемување од 4,6 отсто.

Трговскиот дефицит во периодот јануари – декември 2019 година е 2.282.723.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – декември 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...