К-15 за 20.000 административци ќе чини околу 200 милиони денари

Буџетските корисници ќе треба да ги обебзедат парите за да можат да вршат исплата на К-15.

416

Владината одлука за склучување Колективен договор со државната администрација која предвидува и исплата на К-15, за министерката за финансии Нина Ангеловска е уставно и фер и недискиминирачки сите вработени да го примаат, бидејќи веќе во приватниот сектор се исплаќа.

– Таква одлука на седница на Владата помина. Ќе бидат опфатени 20.000 вработени, а фискалните ефекти ќе бидат околу 200 милиони денари. Уставно, фер и недискриминарчки е сите вработени во нашата земја да го имаат ова право, бидејќи во приватниот сектор веќе се исплаќа – изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа додаде дека фискалните ефекти за оваа одлука се околу 200 милиони денари и дека буџетските корисници ќе треба да ги обебзедат овие средства за да можат да вршат исплата.

Повеќе детали за Колективниот договор упати дека треба да каже министерот за информатичко општество кој ќе биде потписник.

На вчерашната владина седница помина Колективниот договор за државната администрација, во кој меѓу другото е предвидена исплата на К-15.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...