Интегритетот и однесувањето се клучни во борбата против корупцијата, бидејќи владеењето на правото ќе привлече инвестиции, но транспарентноста и интегритот ќе ги задржат младите во земјата. Сепак годинава евидентен е пад од 13 места на нашата држава на Индексот на перцепција и затоа борбата против корупцијата треба да биде приоритет број еден за градење на здрава демократија.
Ова беше истакнато денеска во Скопје на настанот за одбележување на Неделата на интегритет и антикорупција 2020.
Борбата против корупцијата е долгорочен процес и неопходно е вклучување на сите, па затоа на денешната дебата учествуваа претставници од бизнис заедницата и јавниот сектор, студентите и невладините организации, а со една цел – изнаоѓање одговор на секојдневните предизвици во борбата против корупцијата.
Според холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, клучна а довербата, а таа се добива со интегритет во борбата против корупцијата.
– Името на играта се вика доверба. Со почетоктот на преговорите со ЕУ на вашата земја ние ќе мора да им веруваме на вашите институции, а најважно од се и граѓаните на вашата земја ќе треба да им веруваат на институциите – изјави Јан Коп.
Интегритет, посочи тој, е да се прават вистинските работи и кога никој не те гледа.
– Владеењето на правото ќе привлече инвестиции, но транспарентноста и интегритот ќе ги задржат младите во земјата – порача Јан Коп.
Министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчеваки, рече дека во денешно време главен сегмент за борба против корупцијата е дигитализацијата.
– Се што има допир со човек, може да се корумпира. Затоа е битна дигитализацијата и редизајнирањето на начинот на функционирање на системот – изјави Манчевски.
Транспарентноста е главен механизам за многу работи, подвлече тој, затоа системот на отворени финансии е главен механизам против корупција.
– Дигитализацијата и транспарентноста се побрзите мерки, но менување на менталниот склоп и навиките се главна работа – изјави Манчевски.
Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска рече дека мора секој поединец со личен пример да се вклучи во заедничката борба против корупцијата.
– Изгубените вредности во општеството најмногу и одат во корист на корупцијата. Стратегијата сметаме дека е добар документ за подобрување на контролниот систем, зајакнување на интегритетот и подигнување на свеста на поединецот. Тие се клучните точки – рече Ивановска.
Во Националната стратегија за борба против корупцијата, посочи таа, за првпат се и еконимијата и бизнисот.
Неделата на интегритет и антикорупција, се одбележува за првпат во нашата држава од 3 до 11 февруари, во организација на Интернационалната стопанска комора, со поддршка на холандската амбасада.