АД ЕЛЕМ ќе продава вишоци електрична енергија

Објавата и деталите за продажбата се дадени на веб страницата на АД ЕЛЕМ.

195

AД ЕЛЕМ ќе продава вишоци на електрична енергија, во вкупна количина од 102.720 МWh, за месеците јуни, јули и август 2018 година, односно за јуни 43.200 MWh, јули 29.760 MWh и за август 29.760 MWh.

Продажбата ќе се одржи на 03 мај 2018 година (четврток) во просториите на Дирекцијата на АД ЕЛЕM – Скопје, по пат на аукциско наддавање, од страна на лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија со кои АД ЕЛЕМ има склучено рамковни договори.

Објавата и деталите за продажбата се дадени на веб страницата на АД ЕЛЕМ.

Најавената продажба ќе овозможи зголемување на производството на АД ЕЛЕМ во обем на наведените количини, зголемување на портфолиото на компанијата и подобрување на финансиската состојба.

Оттаму информираат дека снабдувањето со електрична енергија за тарифните потрошувачи – домаќинствата и помалите компании на регулираниот пазар за електрична енергија се одвива редовно и во согласност со потребите.

АД ЕЛЕМ последен пат продала вишоци од своето производство во 2016 година во вкупна количина од 16.000 MWh.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...