Контрамерки од Белград – Крстиќевиќ не е добредојден во Србија

Мерките за реципроцитет се донесени како одговор на нотата на Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска од 21 април за забраната за влез во Хрватска на министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин.

174
ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Српската Влада на денешната седница донесе одлука за мерките на реципроцитет за Хрватска, според кои потпретседателот на хрватската Влада и министер за одбрана Дамир Крстиќевиќ не е добредојден во Србија.

Мерките за реципроцитет се донесени како одговор на нотата на Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска од 21 април за забраната за влез во Хрватска на министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин.

Владата на Србија смета дека таквите постапки на Хрватска се спротивни на духот на добрососедската соработка и почитувањето на основните европски вредности, во кои е и слободата за движење на луѓето, се наведува во соопштението. Во него се констатира и дека српската Влада останува определена на изградбата на добрососедски односи со Хрватска, воздржувајќи се од постапки што можат да придонесат за нарушување на односите со соседите.

„Владата на Србија останува посветена на одржувањето на мирот и стабилноста во регионот и почитувањето на европските вредности, во интерес на сите граѓани на Србија и на регионот“.

ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...