Народна банка јавно ги објави решенијата за казна на фирми кои не се достапни на адреса

Според законските прописи доколку субјектите не се јават по јавната објава записникот и решението ќе се сметаат за уредно доставени.

1116

Дирекција за теренска супервизија на Народна банка почна јавно да ги објавува имињата на финансиските организации и одговорните во нив кај кои извршила супервизија на работењето, а на кои не може да им достави записници од контролите и изготвените решенија за прекршочен платен налог.

Досега се објавени имињата на една менувачница и едно физичко лице на кои ревизорите на Народната банка не успеале да им достават решенија за казни два пати едноподруго.

„Се повикува горенаведеното лице фирма во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение, да се јави во просториите на Народната банка – Дирекција за теренска супервизија за прием на горенаведениот записник“, стои во јавната објава.

Според законските прописи доколку субјектите не се јават по јавната објава записникот и решението ќе се сметаат за уредно доставени.

Јавната објава на веб-страницата на Народна банка е предвидена со Законот за прекршоци во случај кога доставата на Записникот за констатиран прекршок и прекршочен платен налог на домашна адреса на физичкото лице во два наврати ќе биде неуспешна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...