Крузер со 3.700 патници во карантин, заболени 10 патници од коронавирус

Од коронавирус досега починаа 492 лица, а заразени се 24.500.

568

Од крајот на декември досега од коронавирусот починале 492 лица, додека повеќе од 24.500 се заразени, соопштија денеска здравствените власти.

Болеста се прошири во повеќе од 25 држави ширум светот, а најмногу случаи има регистрирано во Кина, пред сѐ, во провинцијата Хубеи, во која виросот се појави, пренесе Си-Ен-Ен.

Последните случаи на вирусот се откриени на крузер што пристигнал од Јапонија, во кој се откриени 10 случаи на заразени, поради што сите 3.700 патници и членови на екипажот на бродот се задржани во карантин, каде ќе останат најмалку две недели.

Најмногу заразени, но и смртни случаи се забележени во Вухан, градот во кој досега починаа 362 лица, а заразени се 8.351.

Многу земји организираа евакуација на своите граѓани од Кина, а Велика Британија на сите свои граѓани им нареди да ја напуштат оваа земја, не прецизирајќи на кој начин тоа да го изведат, нити понуди конкретна помош, наведува Си-Ен-Ен.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека утре ќе испрати уште два авиона за евакуација на свои државјани, додавајќи дека потоа нема план за испраќање дополнителни авиони за евакуација.

Епидемијата на коронавирусот изби кон крајот на декември минатата година, а претпоставка е дека вирусот се појавил кај животни, пред сѐ, кај лилјаци.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адан Гебрејесус ги повика сите министри за здравство итно да ја унапредат размената на податоци за новиот вид на коронавирус и најави дека ќе испрати тим од меѓународни експерти во Кина за да работат со тамошните колеги.

– Испраќаме маски, нараквици, респиратори и речиси 18.000 заштитни костуми во повеќе од 20 земји на кои им е потребна поддршка – рече Гебрејесус на состанокот на Извршниот одбор на СЗО во Женева.

Потсетувајќи дека досега 22 држави преземале мерки за трговија или патувања поврзани со коронавируси, тој рече дека треба да бидат краткотрајни, сразмерни на ризиците по здравјето на луѓето и состојбата редовно да се разгледува.

– Таквите ограничувања можат да имаат ефект на засилување на стравот и стигмата, притоа да обезбедат мала корист – предупреди Гебрејесус.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...