И администрацијата ќе добива К-15

Администрацијата се стекнува и со дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања, а се утврдува и правото на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права.

2588

Колективниот договор за државната администрација помина на денешната владина седница, а во него, меѓу другото е предвидена исплата на К-15.

Ова е прв грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи по 1995 година, со кој администрацијата се стекнува и со дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања, а се утврдува и правото на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права.

Како што информираат од владината прес- служба, колективниот договор ќе биде потпишан со репрезентативниот синдикат УПОЗ, а од страна на Владата ќе го потпише министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...