Авионите на „Чајна Истерн“ нема да летаат за и од САД

Суспендирани се и летовите за Сан Франциско, Чикаго и Хонолулу.

35

„Чајна Истерн“ (China Eastern) е првата голема кинеска авио-компанија која заради коронавирусот ги суспендира летовите за и од САД.

„Чајна Истерн“ до 10 февруари ги суспендира сите летови од Шангај за Лос Анџелес и за Њујорк, пренесе Си-Ен-Ен.

Суспендирани се и летовите за Сан Франциско, Чикаго и Хонолулу.

Си-Ен-Ен наведува дека на сајтот на „Чајна Истерн“ не е можно да се резервира лет за САД се до 29 март.

Големите интернационални авио-компании, како „Ер Канада“, „Американ Ерлајнс“, „ Бритиш Ервејз“, „Делта“, „Луфтханза“ и „Катар Ервејз“ веќе ги суспендираа сите летови за и од континентална Кина се до крајот на февруари и подолго.

Од епидемијата на коронавирус во Кина веќе починаа 425 лица, а над 20.000 се заразени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...