Кинеското раководство призна дека имало „пропусти и недостатоци“ во реагирањето на државата на ширењето на смртоносниот Корона вирус.
Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, со кој претседава шефот на партијата, Си Џинпинг, соопшти дека мора да се поодбри системот за реакција во кризни ситуации, како и дека Кина мора да ги засили капацитетите во решавањето на ургентните и опасни задачи.
Комитетот, исто така, соопшти дека мораат да се извлечат поуки од, како што се наведе, „големиот тест“ за кинескиот систем, објави Ксинхуа, а пренесе Би-Би-Си.
Со одлука на Политбирото наложена е забрана за илегална трговија со диви животни, како и засилен надзор врз пазарите.
Вухан, жариштето на епидемијата, останува „ главниот приоритет“ и таму ќе биде испратен дополнителен медицински персонал, наведува Постојаниот комитет на Политбирото.
Во него се додава дека функционерите треба да ја преземат целосната одговорност во превенцијата на епидемијата, а тие што тоа нема да го прават да бидат казнети.