Столтенберг: НАТО и САД дискутираат со Турција за намерата на Анкара да купи системи С-400

- Нацинално решение на државите членки на НАТО е прашањето за вооружувањето, но, многу земји на НАТО изразија загриженост поради тој факт - рече Столтенберг.

463
ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET

НАТО и САД дискутираат со Турција за нејзината намера да купи систем за противвоздушна одбрана С-400 и ги разгледуваат алтернативни предлози од државите членки на Северноатланската алијанса, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Нацинално решение на државите членки на НАТО е прашањето за вооружувањето, но, многу земји на НАТО изразија загриженост поради тој факт, рече Столтенберг на прес-конференцијата пред утрешната средба на министрите на државите членки на НАТО.

Тој додаде дека го поздравува фактот дека Турција дискутира со САД за можноста за купување американски ракетни системи Патриот, како и тоа дека таа се согласила на соработка со Италија и Франција по прашањето за добивање системи за противвоздушна одбрана САМП-Т.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...