Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница ги намали малопродажните цени на горивата. Кај бензините цената е пониска од еден до 1,5 денари, а кај дизелот за два денара.
Малопродажната цена на „еуродизел“ од полноќ ќе изнесува 58 денари за литар, а на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 66 денари за литар. „Еуросупер БС 98“ од полноќ ќе се продава по 68,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство по 47,50 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,473 денари и ќе изнесува 34,922 денари за килограм.