Претседателот на косовското Собрание поднесе оставка

194

Пратеникот на Движењето за самоопределување, Глаук Коњфуца, поднесе оставка од функцијата претседател на косовскиот парламент, како што е предвидено со коалицискиот договор на движењето и Демократскиот сојуз на Косово.

По поднесувањето оставка, Коњуфца функцијата му ја препушти на заменикот Арбериу Нагавици.

Седницата на парламентот на која се очекува да се гласа за владата на премиерот Албин Курти присуствуваат и пратеници од Српската листа.

Српската листа нема да ја поддржи владата Курти, но ќе преземе функции кои и припаѓаат според косовскиот Устав.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...