Курти: Денеска се институционализира големата промена во Косово

82

Мандатарот за состав на новата влада на Косово, лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти, пред почетокот на собраниската седница на која ќе се гласа за владата што тој ќе ја води, изјави дека денеска се институционализира промената за која гласаа граѓаните на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина.

На заминување од неговиот дом кон Собранието на Косово, Курти изјави дека денеска се материјализира волјата на граѓаните од изборите одржани пред четири месеци.

– Ги завршивме сите потребни подготовки за денешната седница, при што наша цел е да избереме влада која ќе работи чесно и добро според програмата, со мошне добар тим во кабинетот. Пред се сакам да им се заблагодарам на граѓаните што ни овозможија еден таков ден со кој сакаме големата политичка промена што ја направија тие на 6 октомри, ние како нивни претставници да ја претвориме во промена во владеењето – изјави Курти.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...