Премиерот на Косово во заминување Рамуш Харадинај, во својата прва реакција на договорот за формирање нова влада, рече дека Косово го очекува многу работа и дека формирањето нови институции ќе ја открие, како што рече, големата недоследност на шефот на Самоопределување, Албин Курти, пренесе приштинскиот весник „Зери“.
– Косово го очекува голема работа и важни процеси кои бараат лидерство, доследни ставови и сигурни и одржливи институции. Сè уште сум убеден дека агонијата за прекумерно споделување на фотелјата е само прва манифестација на голема измама што ќе го идентификува Албин Курти како премиер – рече Харадинај.
ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ