Ширум Црна Гора синоќа беа одржани молебени и масовни литии во знак на протест заради усвојувањето на спорниот Закон за слобода на веросповедта.
Од Митрополијата црногорско-приморска тврдат дека во литијата низ Подгорица синоќа учествувале повеќе десетици илјади граѓани.
Литијата низ улиците на Подгорица ја предводел протојереј ставрофор Момчило Кривокапиќ, а на литијата и претходел молебен во храмот на Христовото воскреснување. На литијата во Подгорица и се приклучиле и литиите од Даниловград, Спуж, Зета, Куц, Пипер, Коман, Катунска нахија, Цевчање….
Свештениците соопштија дека ова било досега најбројниот собир и дека овој храм такво нешто не памети.
Најмасовната литија досега синоќа е организирана и во Будва, која тргнала од Стaриот град. Насобраните извикувале дека не ги даваат светите места, а носеле икони и знамиња и пееле црковни песни.
Масовни литии и молебени беа организирани и во Плевље, Никшиќ, Бијело Поље, Херцег Нови и Беране.
ФОТО Принтскрин