Тајландски лекари: Микс од лекови за грип и ХИВ помогнал за лекување заразени од новиот коронавирус

224

Тим лекари од Тајланд соопшти дека употребата на комбинација на лекови против грип и ХИВ довела до значително подобрување на состојбата на неколку пациенти сериозно заболени од новиот коронавирус.

Лекарите во болницата „Раџавити“ од Бангкок објавија дека новиот третман значително го подобрил здравјето на неколку пациенти во рок од 48 часа од давањето на првата доза.

Меѓу пациентите била и една 70-годишна жена од кинески Вухан, која се заразила со вирусот пред 10 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...