Британското знаме се симна од пред европските институции

214

Неколку часови пред Брегзит, знамињата на Велика Британија, што беа покрај знамињата на ЕУ и другите земји-членки, беа отстранети од европските институции во Брисел и Стразбур.

Прво, британското знаме беше отстрането пред Европскиот совет во Брисел, а потоа пред зградите на Европскиот парламент во Брисел и во Стразбур.

Претходно попладнево, европското знаме беше симнато од пред постојаната британска мисија во ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...