Се осипува кадарот во индустријата, во декември намален бројот на работници

Во секторот „рударство и вадење на камен“ бележи пад од 1,5 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ има пад од 2,6 отсто, додека во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ има пoраст од 0,4 отсто.

410

Бројот на работниците во индустријата во декември 2019 година е за 2,4 отсто помал во споредба со истиот месец од 2018 година, а на годишно ниво е помал за 1,6 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот „рударство и вадење на камен“ бележи пад од 1,5 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ има пад од 2,6 отсто, додека во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ има пoраст од 0,4 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците бележи пораст кај „капитални производи“ за 2,6 отсто, а опаѓање има кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 3,4 отсто, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 3,5 и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 4,2 отсто, додека кај „енергија“ бројот на работници останал на истото ниво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...