Либерман: Ако Иран го нападне Тел Авив, Израел ќе го нападне Техеран

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман денеска изјави дека Израел ќе возврати со одмазда - ако Иран го нападне Тел Авив.

545

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман денеска изјави дека Израел ќе возврати со одмазда – ако Иран го нападне Тел Авив.

– Израел не сака војна… но ако Иран го нападне Тел Авив, ние ќе го погодиме Техеран – истакна Либерман.

Тензиите меѓу Израел и Иран траат повеќе децении. Тел Авив е против военото присуство на Иран во Сирија, а исто така израелските власти го обвинуваат Техеран дека ги помага Хезболах и Хамас.

Израел се обидува да го спречи Иран да развие нуклеарно оружје, додека Техеран не ја признава еврејската држава и често се заканува со напад врз Тел Авив.

ФОТО: PORTRAIT1-MFA Izrael

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...