Франкфурт ќе профитира од Брегзит, 30 банки се селат во Германија

До крајот на 2021 година поради Брегзит најверојатно ќе се создадат околу 3.500 нови работни места во Франкфурт, вели Бишоф, која со години го анализира развојот на најважниот финансиски центар во Германија.

243
ФОТО: puxsabay

Банкарскиот центар во Франкфурт е еден од победниците по излегувањето на Велика Британија од Европската унија, се вели во истражување на „Ландесбанк“ Хесен-Тиринген (Хелаба), објавено денеска.

– Повеќе од 30 странски банки донесоа одлука во корист на германскиот финансиски центар. Ниту еден друг банкарски центар не може да остане во чекор. Финансиските компании кои претходно работеа во Лондон мора да градат седишта во континентална Европа поради излегувањето на Велика Британија од Европската унија за да можат да ги нудат своите услуги во иднина – изјави денеска аналитичарката на Хелаба, Улрике Бишоф.

До крајот на 2021 година поради Брегзит најверојатно ќе се создадат околу 3.500 нови работни места во Франкфурт, вели Бишоф, која со години го анализира развојот на најважниот финансиски центар во Германија.

Тоа би требало да бидат повеќе работни места отколку што треба да се укинат со реструктуирање на банкарскиот сектор.

– Со оглед на првичниот датум за излез од ЕУ, веќе има значително зголемување на вработените предизвикано од Брегзит, кое ќе продолжи на среден рок, особено затоа што следува период на транзиција – рече Бишоф.

 

ФОТО: puxsabay

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...