Сугарески: Експресниот пат Штип – Радовиш се гради според роковите

Сугарески очекува реконструкцијата на патот Крупиште – Пробиштип, како и првата делница од експресниот пат Штип – Кочани која се протега од Штип до селото Крупиште да завршат во првата половина од годината или напролет.

238

Добра е динамиката на изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш на потегот од штипската винарија ИМАКО Вино до клучката кај радовишкиот рудник Бучим, оцени денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој во Свети Николе присуствуваше на почнување на изградбата на нова социјална зграда за 48 социјално ранливи семејства.

– Според склучениот договор на ЈП за државни патишта очекувам да бидат испочитувани роковите во делот на првата фаза и во делот со евалуацијата со втората фаза. Делот од Штип до Кочани исто така очекувам оваа година да биде завршена првата делница до Крупиште, а за втората делница фирмата веќе е воведена во работа. Така што динамиката ќе биде одлична – рече Сугарески.

Тој рече дека се бара решение за проблемот со променетата траса од втората фаза на изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш од штипската приградска населба Три чешми до новиот мост на реката Брегалница.

-Знаете дека јавниот интерес е пред се. Меѓутоа, ќе направиме се да никој не биде загрозен, а вклучително ниту бизнисмените кои работат таму – рече Сугарески.

Очекува реконструкцијата на патот Крупиште – Пробиштип, како и првата делница од експресниот пат Штип – Кочани која се протега од Штип до селото Крупиште да завршат во првата половина од годината или напролет.

За реконструкцијата на регионалниот пат Крупиште – Пробиштип проблемот е надминат и затоа, како што рече Сугарески, очекува оваа делница да биде завршена во најбрз временски период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...