Американските разузнавачи изработуваат профил на Ким Џонг-ил

Според американската долгогодишна традиција пред важни преговори на американскиот претседател му се доставуваат политчки и психолошки досиеја за соговорникот.

252
ФОТО: EPA-EFE-KCNA

Американските разузнавачи се обидуваат да состават профил на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ил, за кого малку се знае.

Според американската долгогодишна традиција пред важни преговори на американскиот претседател му се доставуваат политчки и психолошки досиеја за соговорникот.

Аналитичарите ја собираат секоја нова информација за Ким, со цел да направат проценка пред состанокот на претседателот на САД, Доналд Трамп со Ким, што треба да се одржи кон крајот на мај или почетокот на јуни.

Експертите својата проценка во најголем дел ќе ја направат врз импресиите на директорот на ЦИА, Мајк Помпео, кој пред неколку недели се сретна со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг.

Помпео го опишува Ким како „паметен тип, кој ја работи својата домашна задача“ пред состаноците.

Профилот на Ким ќе ги содржи сите разузнавачки податоци собрани во минатото, доставени од тие кои биле во контакт со него, како поранешниот кошаркар Денис Родман и јужнокорејските претставници.

Профилот ќе биде доверлив документ за однесувањето, мотивите, личноста и стилот на лидерство на Ким.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...