Синодот на Српската православна црква (СПЦ) на денешната средба е одлучено да поднесе иницијатива пред Уставниот суд на Црна Гора во врска со спорниот Законот за слобода на вероисповед.
На средбата учествуваа и митрополитот црногорско-приморски Амфилохие, како и владиците од Црна Гора Јоаникие, Атанасие и Димитрие. Иницијативата пред Уставниот суд во Подгорица се поднесува во координација на епархијата на СПЦ во Црна Гора и српскиот Свет Синод.
Тие едногласно донесоа одлука да се повлечат од иницијативата пред уставниот суд во Црна Гора, поднесена од адвокатот Мирослав Николиќ во име на Светиот Синод и Српската патријаршија.
Непосреден повод за седницата, како што оценува СПЦ е спорниот и антиуставен Закон за слобода на вероисповед.
Во новиот Закон, усвоен пред крајот на минатата година, посебно спорни се три члена, кои го регулираат прашањето за сопственост над црквен имот, односно пропишува дека верската заедница мора да ја докаже сопственоста над верскиот објект кој е изграден пред 1918 година, бидејќи во спротивно тој објект ќе биде третиран како културно наследство на Црна Гора.