Европратеник и поранешен член на Златна зора го искина турското знаеме во ЕП

Никој не треба да се сомнева дека нашето знаме ќе продолжи да се вее гордо засекогаш! Во очекување Европскиот парламент да ги преземе потребните мерки против овој кловн - напиша Чавушоглу.

844

Реакции од шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, но и од Министерството за надворешни работи на Грција предизвика кинењето на грчкото знаме во Европскиот Парламент од стана на независниот грчки европратеник Јанис Лагос, кој беше избран како член на Златна зора, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на седница на ЕП посветена на мигрантското/ бегалското прашање, Лагос ја обвини Турција дека е виновна и го искина турското знаме.

– Турција е омиленото дете, ја оставате да прави што сака. Со незапирливи бранови ја полни мојата татковина и цела Европа со нелегални мигранти и ова знаеме, кое што е турско знаме, не е дозволено да го прави она што го прави тоа е знаме на крвопролевање и единственото нешто што го заслужува е ова – рече Лагос и го искина турското знаме.

Со реакција, преку официјалниот Твитер профил излезе шефот на турската дипломатија.

– Никој не треба да се сомнева дека нашето знаме ќе продолжи да се вее гордо засекогаш! Во очекување Европскиот парламент да ги преземе потребните мерки против овој кловн – напиша Чавушоглу.

Од Министерството за надворешни работи на Грција го осудија инцидентот.

– Грција на најкатегоричен начин ја осудува секоја постапка на навреда на национален симбол, а во конкретниот случај на националниот симбол на Турција. Неприфатливите постапки на претставниците на неонацизмот се вон грчката и европската традиција и се обиди за саморекламирање на формацијата Златна зора против која се води судски процес и која што грчкото општество со гласовите ја остави вон Парламентот. Неонацистите си се претставуваат само самите себе – соопштуваат од грчкото МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...