Се планира филм за секс скандалот Вајнстин

Клопчето околу приказната за случаите на сексуално вознемирување од страна на Вајнстин почна да се одмотува лани во октомври.

96

Продукциските куќи Анапурна и План Б, во соработка новинарите од „Њујорк Тајмс“ кои го открија секс скандалот со продуцентот Харви Вајнстин, планираат да снимат филм. Проектот ќе се работи по урнекот на оскаровскиот филм „Под лупа“, којшто исто така претстави истражувачка новинарска сторија.

Клопчето околу приказната за случаите на сексуално вознемирување од страна на Вајнстин почна да се одмотува лани во октомври, што резултираше со отказ од неговата сопствена продукциска куќа, а подоцна и банкрот на истата.

Репортерите кои го разоткрија Вајнстин, Џоди Кантор и Меган Твохи месецов ја добија и Пулицеровата награда, токму за овој случај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...