За патишта се обезбедени 48,7 милиони евра. Седум милиони евра, пак, се обезбедени за велосипедски патеки.
Одобрена е ревидираната Секторска оперативна програма за транспорт 2014-2020, во рамки на ИПА 2 програмата, преку која за Македонија се обезбедени 127, 2 милиони евра. Од нив 108,1 милион евра се од ИПА 2 програмата, а 19,1 милион евра од македонскиот Буџет. Парите се наменети за проекти во секторите железници, патишта и за техничка помош.
– Во секторот Железници алоцирани се 71,5 милиони евра и ќе бидат искористени за изградба на дел од третата фаза на пругата кон Бугарија, делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.
За патишта се обезбедени 48,7 милиони евра. Со нив ќе се гради втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп, делница Градско – Дреново, третата лента на патот Градско – Прилеп, ќе се реконструира делницата Куманово – Ранковце, делница Плетвар, и ќе се заменат заштитните огради на автопатот на Коридор 10, во должина од 100 километри.
Седум милиони евра, пак, се обезбедени за техничка помош, односно изработка на проектни документации за изградба на велосипедски патеки во Скопје, Тетово, Штип и Охрид, за замена на сигнализација на железничките премини и за изградба на мултимодален јазол во Трубарево.
– Владата на Република Македонија е силно посветена на реализација на капиталните проекти и споведување на реформи во секторот Транспорт со кои се очекува да се забрза економскиот раст на земјата, се вели во соопштението од Министерството за транспорт и врски.