Денешниот ксенофобичен испад на наш сограѓанин кон туристите во центарот на Скопје е срам за градот и земјата и е спротивност на се’ што Скопје е – град на солидарноста, космополитизмот и заедништвото.
Го нудам моето најдлабоко извинување во името на сите добронамерни скопјани. Во Скопје нема да толерираме вакво однесување. Ги повикувам надлежните да поведат истрага за овој инцидент бидејќи остава сериозна дамка врз угледот на градот и земјата.
Драги скопјани, бидете гостопримливи, почестете ги овие туристи со насмевка и отворена душа, ако ги сретнете низ градот.
Не’ на ксенофобијата и расизмот. Скопје отворен град. Град за сите!!!
(статус на Фејбук на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, по денешниот ксенофобичен испад на скопјанец кон туристите во центарот на градот, а видео од инцидентот беше споделувано на социјалните мрежи).