Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР денеска приведоа две лица во врска со лажната дојава за бомба во трговскиот центар Сити мол во Скопје.
Приведени се П.Ц. (19) и А.Д. (19) и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Поладнево беше извршена евакуација во трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош, поради дојава за бомба, а полициски екипи со кучиња трагачи повеќе од три часа детално ги пребаруваа сите простории.
Претходно, од МВР изјавија дека до нив е пристигната информација за дојава за поставена бомба по што на терен беа испратени екипи од полицијата.