УПОЗ: Нема партиски притисоци врз администрацијата

Немаме некакви информации за притисок, но да бидам малку оптимист, мислам дека не би требало да има притисоци, затоа што веќе околностите се сменети и јавната администрација е свесна за последиците што би ги имало после изборите, рече првиот човек на упоз Пецо Грујовски.

90

Притисоците пред избори во јавната администрација не се толку присутни, колку при промената на власта. Досега до Синдикатот на УПОЗ не се пристигнати пријави од вработени и од наши членови, изјави денеска претседателот на синдикатот Пеце Грујовски.

– Би апелирал доколку има такви случаи, да пријавуваат во синдикатот. Ние ќе најдеме механизми како да ги заштитеме. Во оваа прилика би кажал дека притисоците во јавната администрација се поприсутни при промена на власта и тука имаме особено проблеми, но сепак можам да кажам дека како синдикат сме успешни во заштитувањето на луѓето – рече Грујовски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прва работилница што заедно со УСАИД ја организираат во Штип.

Тој забележа дека во моментот нема впечаток дека се прават некакви притисоци во администрацијата, иако е предизборен период.

– Немаме некакви информации за притисок, но да бидам малку оптимист, мислам дека не би требало да има притисоци, затоа што веќе околностите се сменети и јавната администрација е свесна за последиците што би ги имало после изборите, рече Грујовски.

Прашан дали предизборно се вработуваат луѓе во администрацијата, Грујовски рече дека нема таков впечаток по разговорите со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Се работи за луѓе кои се заминати, ги напуштиле местата заради пензионирање, ниски плати, одење во приватниот сектор. Лично како синдикат немаме некакви показатели за такво нешто. Според анализите и систематизацијата на работни места, во јавната администрација имаме недостаток на кадар и многу празни места – рече Грујовски.

Тој додаде дека можноста за вработување во администрацијата трае до 11 февруари и оти законот тоа им го дозволува на институциите.

Прашан за барањето на Сојузот на синдикати на Македонија за 38-часовно работно време и неработни сабота и недела, Грујовски не очекува пред изборите нешто ново на овој план, бидејќи новиот Закон за работни односи ќе се носи по изборите. Сепак, вели, мора да се работи на овој предлог.

Пред една година, синдикатот на УПОЗ поднесе иницијатива за седумчасовно работно време или неделно вкупно 36 часа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...