Засилени контроли за заштита на рибата во Охридското Езеро

Изминатите неколку дена се фатени сторители на бесправен лов на риба од езерото и против нив се поднесени соодветни пријави.

72

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска од Охрид најави засилени контроли на Охридското Езеро, со цел заштита на рибниот фонд.

– Во услови кога Охридското Езеро нема концесионер и е без заштита, Миинистерството за земјоделство преку Државниот инспекторат, заедно со Министерството за внатрешни работи да ги засилат контролите на терен, со цел заштита на ова природно богатство и рибниот фонд што дополнително е загрозен – рече Трипуновски.

Тој потсети дека минатата година не е спроведено порибување со подмладок од ендемичниот вид охридска пастрмка, а прашање е дали и оваа година ќе биде извршен вештачки мрест што, рече, дополнително го загрозува рибниот фонд.

– Со МВР изминатиот период имавме успешна соработка, но овој апел е со цел во иднина да се засили контролата не само во охридскиот туку и во струшкиот регион, за заштита на националното богатство до избор на нов концесионер – рече Трипуновски.

Изминатите неколку дена се фатени сторители на бесправен лов на риба од езерото и против нив се поднесени соодветни пријави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...