Кремљ и натаму го проучува вчера претставениот план на американскиот претседател Доналд Трамп за мирно надминување на палестинско-израелскиот конфликт, изјави Дмитриј Песков, прес секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Тасс.
– Ние продолжуваме да ги проучуваме овие информации и го прегледуваме планот, што е подготвен од администрацијата на Белата куќа – изјави Песков.
„Утре ќе има средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и тогаш ќе се добијат повеќе информации, како што се вели, од прва рака“.
Прес секретарот забележа дека „досега може само да се каже дека планот доби целосна поддршка од Израел, а е подржан и од неколку други држави, но е пресретнат од категорично отфрлање од другата страна на договорот – Палестинците“.
– Продолжуваме да ја анализираме ситуацијата. Знаете дека Русија продолжува да биде одговорен член на „Петорката“ на Блискиот Исток. Доколку биде неопходно Русија е подготвена да ги вложи сите напори за да се направи можно постигнувањето оддржлив мир на Блискиот Исток – наведе портпаролот на Кремљ.