Пожарникарите и припадниците на полицијата се судрија денеска во текот на протестот во Париз, во кој пожарникарите бараат подобри услови за работа.
Протестите се организирани од синдикатите на работниците во противпожарните служби ширум земјата, пренесоа американските медиуми, а на Плоштадот на Репубпиката пожарникарите фрлаа петарди за да го свртат вниманието на нивниот случај.
Учесниците во протестот бараат зголемување на платата од 19 до 25 отсто за случај на ризик, со оглед на отежнатото извршување на нивната работа заради недостиг на персонал.
Тие наведуваат дека е во пораст и бројот на напади врз нив.
Пожарникарите, инаку, протестираа и во октомври кога, исто така, се судрија со полицијата.
Американските медиуми пренесуваат дека на еден демонстрант во Дижон, на југот од Франција, денеска во текот на протестот му било повредено едното око.
ФОТО: МИА