Недела на Полски филм

81

Во Кинотека на Македонија од 4 до 9 мај ќе се оддржи недела на современ полски филм. Же бидат прикажани шест полски филмови, а во исто време ќе бидат изложени и плакати од значајни полски филмови.

Првиот филм кој ќе биде прикажан е „Ноќен воз“ во режија на Јежи Кавалерович. На 5 мај следува филмот „Ракописот од Сарагоса“ режиран од Војчек Хас. На 6 мај ќе биде прикажан „Ветената земја“ од Анджеј Вајда, понеделник, 7 мај, е резервиран за Роман Полански и неговиот филм „Нож во вода“, кој премиерно е прикажан во 1962 година.

Последните два дена од неделата на полски филмови се посветени на режисерот Кшиштоф Кешловски, при што во вторник ќе може да го погледнете „Краток филм за љубовта“, а следниот ден ќе биде прикажан „Краток филм за убивањето“.

Програмата се реализира во соработка со Амбасадата на Република Полска во Скопје .

Билетите за проекциите се бесплатни и истите може да се резервираат од 16-19 часот на билетарницата на Кинотеката на Македонија на 02 3065968. Резервираните билети ќе може да се подигнат 30 минути пред почетокот на проекцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...