Меѓу многуте ѕвезди од филмската индустрија на фотографијата е дел од екипата на „Медена земја“, кој е номиниран во две категории за најдобар странски филм и за најдобар документарец.
На фотографијата можат да се забележат режисерите Тамара Котеска, која се наоѓа некаде во средината на фотографијата веднаш до Леонардо Ди Каприо и Роберт Дениро, и Љубомир Стефанов кој заедно со кинематографот Фејми Даут се наоѓаат на самиот десен крај на фотографијата.
Целата македонска јавност со нетрпение го очекува доделувањето на наградите кое ќе се одржи на 10 февруари.