Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Планот на Трамп се вели дека е резултат на тригодишни напори на неговите советници, Џаред Кушнер и Ави Беркович, како и Џејсон Гринблат

43
Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека денеска напладне ќе го објави долгоочекуваниот мировен план за Блискиот Исток.

За време на вчерашната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа американскиот претседател рече дека „на Палестинците би требало да им се допадне планот“ и смета дека тој е добар за нив.

Трамп исто така треба да се состане и со ривалот на Нетанјаху, лидерот на партијата Сино и бели Бени Ганц.

Белата куќа се надева дека доколку планот добие поддршка и од Нетанјаху и од Ганц, Трамп ќе помогне да се постигне одреден напредок.

Планот на Трамп се вели дека е резултат на тригодишни напори на неговите советници, Џаред Кушнер и Ави Беркович, како и Џејсон Гринблат.

Предлогот е напишан на повеќе од 50 страници и има за цел да го реши најтешкиот проблем на Блискиот Исток.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...