Просечните резултати од најновите анкети во Ајова, каде идната недела се одржуваат првите избори за претседателски кандидат од Демократската партија, покажуваат предност за независниот сенатор од Вермонт, Берни Сандерс, додека на национално ниво прв е поранешниот потпретседател Џо Бајден, јави „Ем-ес-ен-би-си“.
Традиционално, оној претседателски кандидат кој ќе ја добие Ајова (изборите се закажани за 3 февруари), има шанси да победи во трката.
Според просечните резултати од четири нанјови анкети, Сандерс во Ајова води со 25 отсто, Бајден е на второ место со 22 отсто, додека поранешниот градоначалник на Саут Бент, Пит Бутиџич има рејтинг од 17 отсто. Четврта со 14 отсто популарност е сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен.
Во Њу Хемпшир, втората сојузна држава каде на 11 февруари се оддржуваат демократските избори, според анкета на „Ен-би-си њус“-Марист, Сандерс води со 22 отсто популарност, по него е Бутиџич со 17 отсто, додке на трето и четвро место се Бајден (15 отсто) и Ворен (13).
Сепак, на национално ниво просечните резултати од анкети покажуваат поинаков однос на силите.
На ниво на САД, на прво место е поранешниот потпретседаел Бајден кој води со 29 отсто, зад него е Сандерс со рејтинг од 23 отсто, додејк на трето место е Воренсо 15 отсто. Зад неа е Мајкл Блумберг, поранешен градоначалник на Њујорк, чија популарност на национално ниво е 8 отсто.
ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO