СЗО се поправи: Заканата од коронавирус е „висока“ на меѓународно ниво

497

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја ревидираше својата проценка за заканата од новата форма на коронавирусот во Кина на меѓународно ниво, оценувајќи ја дека е „висока“ и повеќе не е „умерена“ како што беше досега соопштено. Тој потег  е поради „грешки во формулација “.

СЗО досега нагласуваше дека ризикот од вирус е „многу висок во Кина, висок на регионално ниво и умерен на меѓународно ниво“.

– Тоа е грешка во формулацијата и ние ја исправивме – изјави портпаролот на СЗО.

Минатата недела СЗО одлучи да не прогласи глобална вонредна здравствена состојба, наведувајќи дека Кина презела многу силни мерки, вклучително и изолација на големите градови,со цел стопирање на ширењето вирусот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...