Џихадистичката организација Исламска држава наводно апелира на своите борци и муслиманите да напаѓаат Евреи и еврејски населби, се слуша во аудио снимка објавена денеска, за која се наведува дека е гласот на портпаролот на ИД, Абу Хамза ал-Кураиши.
Гласот на снимката вели дека ИД планира „договорот на векот“ да не успее, мислејќи на мировниот план за Блискиот Исток на американскиот претседател Доналд Трамп, кој како што се очекува, ќе биде претставен во текот на денешниот ден.
Според некои западни медиуми, не може да се потврди идентитетот на говорникот на снимката.