Албанската обединета опозиција, која бараше изборни реформи сега и со барање за измени на територијалната поделба на земјата.
Неколку недели откако седна со владејачкото мнозинство околу изборните реформи, главната опозиција сега повикува на промена на територијална поделба, усвоена од Парламентот во 2014 година само со гласовите на пратениците од владејачкото мнозинство.
-Разгледувањето на административните реформи е итна потреба. За Демократската партија (ПД) тоа е една од трите клучни точки. Да одлучуваше нашата партија, оваа реформа не требаше да се донесе, таа е политичка карта и секој час и минута што поминува е на штета на граѓаните, а не гарантира еднаквост и за партиите на изборите – изјави Газменд Барди од ПД.
Додава дека територијалната реформа не успеала, а овој неуспех е на „штета на граѓаните кои денес немаат врата каде може да добијат потребна услуга“.
И лидерот на Републиканската партија Фатмир Медиу смета дека може заедно со изборните реформи да се дискутира и околу ова прашање.
– Тие ја вратија земјата во времето на диктатурата кога беа назначувани градоначалниците, а со оглед на тоа што се наоѓаме во ваква состојба по локаланите избори од 30 јуни, императив е да им се даде шанса на луѓето да ги гласаат градоначалнците. Потребна е темелна анализа и да се изнајде кој е најдобриот начин – вели Медиу.
Со законот за новата територјална поделба бројот на општните од тогашните 385 се намали на 61. Опозицијата бараше тој број да биде најмалку 80.
Против новата територјална поделба беа и Македонците бидејќи беа укинати општините Требиште, Острени и Стеблево во Голо Брдо, па првите две се приклучија кон општина Булќиза, како и Шиштевац и Запот во Гора, кои сега се под општина Кукс. Единствена македонска општина остана Пустец. И Македонците во континуитет бараат промена на законот со што областите Гора и Голо Брдо да бидат посебни општини,како што тоа го бараа и пред донесувањето на законот.
Photo: EPA / MALTON DIBRA