Земјава профитирала од косовската такса на српскиот увоз

Според официјалните податоци на косовската Царина, земјава стекнала корист од таксата на српскиот увоз и на крајот од 2018 година, со оглед дека една година порано, во 2017, македонскиот извоз бил во вредност од 156 милиони и 498 илјад евра, односно за околу 10 отсто помалку одошто во годината кога се воведе таксата.

187

Увозот на производи од земјава во Косово во минатата година е зголемен за околу 40 отсто, откако Приштина во ноември 2018 воведе такса од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, пишува во денешното издание „Коха диторе“.

Според весникот, како што јави дописникот на МИА од Приштина, во текот на 2019 година од соседната држава во Косово се увезени стоки во вредност од 239 милиони и 306 илјади евра, додека една година порано таа вредност била за над 63 милиони евра помалку, односно изнесувала 172 милиони и 176 илјади евра.

Според официјалните податоци на косовската Царина, земјава стекнала корист од таксата на српскиот увоз и на крајот од 2018 година, со оглед дека една година порано, во 2017, македонскиот извоз бил во вредност од 156 милиони и 498 илјад евра, односно за околу 10 отсто помалку одошто во годината кога се воведе таксата.

Освен земјава, корист од одлуката на Владата на Рамуш Харадинај за санкции на увозот од Србија и БиХ имала и Албанија. Податоците на Царината на Косово говорат дека од таа држава во 2019 година се увезени стоки во вредност од 222 милиони и 547 илјади евра, што е за околу осум отсто повеќе одошто во 2018 година, кога вредноста на увозот од Албанија изнесувал 206 милиони и 492 илјади евра.

Од друга страна, на годишнината од воведувањето на таксата, на крајот од ноември 2019, српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ објави дека загубите на српската економија поради такста од 100 отсто во изминатите година дена изнесувале околу 400 милиони евра, односно дека во тој период вкупниот српски извоз изнесувал помалку од 50 милиони, додека една година порано тој достигнал вредност од над 440 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...