Феликс Линеман, кој беше претседател на Фудбалската асоцијација на Германија (ДФБ) во периодот од 1925 година до 1945 година, е одговорен за испраќање на стотици луѓе во Аушвиц каде биле убиени.
Од ДФБ наведуваат дека „Лимеман бил директно вклучен во регистрација на Роми какако шеф на контролниот центар на криминалистичката полиција во Хановер кој важел за прелиминарна фаза за депортација во логорот.
„Неколку стотици луѓе биле депортирани и убиени во логорот врз основа на упатства што ги потпишувал Линеман“, стои во соопштението на ДФБ.
Утре (понеделник, 27 јануари) се одбележуваат 75 години од ослободувањето на Аушвиц, а ДФБ со промоција и поддршка на Денот на сеќавање на Холокаустот.
Затоа и бројни клубови и навивачки проекти во Германија, од Бундеслигата до третите лиги, овој викенд учествуваа во разни кампањи и најави за натпреварите, но и за иницијативата „Никогаш повеќе“