Трајно ослободете се од вишокот килограми со липосукциска исхрана

Протоколот за слабеење се состои од две фази - липо третман со примена на препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“ и план за исхрана и стабилизација и одржување на килограмите. Двете фази траат по 14 дена.

5561

Целта на третманот базиран на липосукциска ихрана е трајна загуба на вишокот килограми, односно постигнување и одржување на оптималната телесна тежина. После третманот за „симнување“ на вишокот на масно ткиво, лицето продолжува со диета за одржување на телесната тежина, која трае до три месеци, а потоа доаѓа до пресврт во базалниот метаболизам, односно организмот се навикнува на умерена, разновидна и здрава исхрана која би требала да обезбеди килограмите да не се вратат, објаснува доктор Валентина Крстеска, консултант и раководител на Центарот за липосукциска исхрана во Скопје.

Што претставува липосукциската исхрана?

– Неинвазивната липосукција е диетотераписки третман наменет за редукција на телесната тежина и за корекција на одредени нарушувања на метаболизмот поради унапредување и запазување на здравјето. Тоа е иновативен фармаколошки метод за слабеење, кој дејствува врз активацијата на метаболизмот на мастите, резултирајќи со нивно намалување од критично зафатените делови на телото. Метаболизмот на мастите се активира на природен начин преку синергиско делување на протеините, аминокиселините, глукомананот и на комплексите од витамини и минерали во комбинација со правилна и урамнотежена исхрана и умерена телесна активност. Синергиското делување на активните состојки се гледа во трите различни улоги во метаболизмот – ја забрзува синтезата на протеините, го поттикнува разградувањето на мастите и го забрзува ослободувањето на гликозата од црниот дроб.

Како се спроведува протоколот за липосукциска исхрана?

– Протоколот за слабеење се состои од две фази. Првата фаза е липо третман со примена на препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“ и трае 14 дена. Втората фаза е план за исхрана и стабилизација и одржување на килограмите и трае исто така 14 дена. „Липо алфа“, прашок во ќесички, е додаток на исхраната, базиран на концентрат од протеини на сурутка, со додаток на глукоманан, таурин, калиумов цитрат, трикалциумов фосфат, витамините Б 6 И Б 12, цинк и засладувачот сукралоза. „Липо бета“ пак, се аминокиселини во капсули, додаток кон исхраната базиран на аминокиселините Л цитрулин, Л орнитин-алфа-кетоглуторатат, Л изолеуцин и Л триптофан. И „Липо алфа“ и „Липо бета“ се произведуваат во Германија според највисоки стандарди, а регистрирани се како додаток во исхраната во надлежните институции во Република Македонија.

Кој може да биде подложен на третманот на липосукциска исхрана?

– Пред сѐ, овој третман е наменет за лицата кои донеле цврста одлука и кои се сериозни во намерата да бидат задоволни со својот изглед и здравје. Третманот е наменет за лица со прекумерена телесна тежина, на возраст од над 18 години. Подеднакво можат да го користат и мажи и жени, со таа разлика што мажите слабеат полесно и побрзо. Важно е лицето да нема други сериозни здравствени проблеми, со исклучок на оние кои се последица на самата дебелина, односно висок крвен притисок, зголемени маснотии, проблеми со варењето… Пред самиот третман советникот за липосукциска исхрана ќе процени дали постојат сомнежи за некои контраиндикации.

Како изгледа дневната исхрана на личноста која преминува на липосукциска исхрана?

– Во првата фаза од 14 дена протеините и аминокиселините се користат во комбинација со еден оброк од месо или риба со зеленчук. Протеините се раствораат во вода и се пијат на растојание од четири часа, три пати во текот на денот. Тие имаат млечен вкус, слатки се по вкус со што се дестимулираат центрите во мозокот кои ја будат желбата за слатко. Аминокиселините се во капсули и со секоја ќесичка се земаат по две капсули. Централен оброк е вечерата во термин од 18 до 20 часот. Во другата фаза која трае, исто така, 14 дена, се вклучува дополнително млеко и млечни производи, јајца, овошје, јаткасти плодови. Клучот е во тоа внесот на јагленихидрати и протеини да се ограничи, додека енергетскиот дефицит да се компензира со оптимална количина на заситени масти од животинско потекло.

Дали по диетата килограмите се враќаат?

– Целта на третманот е трајна загуба на вишокот на килограми, односно постигнување и одржување на оптималната телесна тежина. После третманот за „симнување“ на вишокот на масно ткиво, лицето продолжува со диета за одржување која трае до три месеци, а потоа доаѓа до пресврт во базалниот метаболизам, односно организмот го навикнуваме на умерена, разновидна и здрава исхрана која би требала да обезбеди килограмите да не се вратат. Во случај клиентот, со својот начин на живот и со натамошната неправилна и прекумерна исхрана, да ги врати изгубените килограми, третманот со неинвазивна липосукција може да се повтори.

Постојат ли нус-појави?

– Можат да се појават благи нус-појави кои лесно се отстрануваат. На пример, појава на запек, појава на лош здив или пад на енергијата. Особено кај оние лица кои се зависни од внесување на благи производи и шеќери, падот на шеќерот, односно хипогликемијата може да доведе до нервоза, главоболка, ладна пот, тресење на раце, забрзан пулс, па и забрзано срцебиење. Со употреба на стевиа како засладувач овие симптоми можат да се ублажат.

Закажете бесплатен преглед кај стручно лице во Iternational Health, на телефон 070 535 033.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...