Николовска: Имаме нов „рекет“, бизнисмени плаќаат и по 500.000 евра да добијат лиценца за канабис

8505

Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Владата прави уште еден рекет и собира пари од бизнисмени кои се заинтересирани и сакаат да одгледуваат канабис.

– Низ кулоарите кружи информација дека добивањето лиценца чини од 300.000 до 500.000 евра. Уште еднаш прашуваме, дали е точно дека Заеви доделувале лиценци на нивни блиски фирми без истите да поседуваат соодветен елаборат, па практично сега лиценците им се незаконски? Дали после ова, конечно институциите ќе се охрабрат да реагираат и истражат ваков сериозен случај за кој доколку се утврди дека на незаконски начин се издавани лиценци ќе треба некој да сноси кривична одговорност? – праша Николовска.

Таа рече и дека главно лиценци за канабис добиваат луѓе блиски до СДСМ и праша дали оваа фирма ја купила лиценцата.

– Една од лиценците за одгледување канабис ја има добиено фирмата ГРИН МЕДИКАЛС МКД Кочани, каде што еден од сопствениците е синот на поранешниот пратеник на СДСМ, Ванчо Ѓорѓиев познат во јавноста како Ванчо Деликатес. Сопственикот Ѓорѓи Ѓорѓиевски, син на Ванчо Деликатес, заедно со татко му се едни од најголемите финансиери наназад во годините во СДСМ со огромни суми на пари. Прашањето е многу едноставно, како е можно, токму една од лиценците од оваа хипер продукција на лиценци за канабис, да ја добие токму синот на еден од најголемите финансиери на СДСМ?- прашува Николовска.

Таа најави дека во наредниот период ВМРО-ДПМНЕ планира за обелодени уште неколку случаи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...