Албанскиот претседател Илир Мета изрази длабоко сочувство за настраданите во катастрофалниот земјотрес што синоќа го погоди источниот дел на Турција.
Наведува дека во овие тешки моменти тој и албанскиот народ се покрај Турција и пријателскиот турски народ.
„Со длабока загриженост и болка ја следам ситуацијата во пријателска Турција, погодена од трагичниот земјотрес. Многу сум потресен од човечките жртви, им упатувам најдлабоко сочувство на семејствата и нивните најблиски, на целиот турски народ и претседателот Реџеп Таип Ердоган, молејќи се да нема повеќе загубени животи. На сите повредени им посакувам побрзо закрепнување. Во овие тешки моменти јас и албанскот народ сме покрај пријателска Турција“, напша Мета на Фејсбук.
Сочувство за настрадатите изрази и премерот Еди Рама кој на социјалните мрежи напиша дека „несреќата што паднала врз Турција е премногу тажна“.
„Изразуваме солидарност и сме покрај турскиот народ и се молиме Бог да им даде на властите во земјата и претседателот Ердоган сили да се соочат со оваа трагедија“, напиша Рама.
Сочувство изрази и лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската Љуљзим Баша.
„Мое најдлабоко сочувство до турскиот народ и претседателот Ердоган за жртвите од земјотресот. Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите. Посакуваме брзо закрепнување на повредените и изразуваме солидарност со народот на Турција“, напиша Баша на Твитер.