Најголемото злосторство го спроведе мојата земја, вели претседателот на Германија, Штајнмаер

207

Претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмаер изјави денеска дека неговата земја мора да остане посветена на борбата против антисемитизмот во секој облик, притоа изразувајќи „најдлабоко жалење“ поради Холокаустот.

– Масовното убиство на шест милиони Евреи, најголемо злосторство на човештвото, го спроведе мојата земја. Ужасната војна, која чинеше над 50 милиони еврејски животи, почна во мојата земја. Седумдесет и пет години по ослободувањето на Аушвиц јас стојам овде како претседател на Германија, полн со вина, рече Штајнмаер.

Тој додаде дека би сакал да може да каже дека Германците „научиле од историјата еднаш засекогаш“, но тоа не може да се каже кога омразата се шири, кога антисемитизам е скриен во критикувањето на политиката на Израел.

– Тоа е исто зло и постои само еден одговор: никогаш повеќе. Затоа не може да биде крај на сеќавањето, истакна шефот на германската држава на Светскиот форум за Холокаустот, одржан денеска во Ерусалим.

На почетокот на говорот, Штајнмаер присутните ги поздрави на хебрејски со зборовите: Фала му на Господ што сме овде денеска. Потоа продолжи на англиски наместо на германски јазик и оцени: Германците се обидоа да ги дехуманизираат (Евреите)….не успеаја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...