Давос: Екстремистички групи ја подриваат демократијата преку социјалните мрежи

Социјалните медиуми се покажаа како корисна алатка за екстремистичките групи да испраќаат пораки на омраза и да поттикнуваат насилство, предупредува групата, наведувајќи ги како пример изборите во САД, на Филипините и во Нигерија.

45

Социјалните мрежи станаа расадник на екстремизмот кој се користи за поткопување на демократијата, заклучи експертска група во Давос и повика на реформи што ќе ја вратат довербата во власта и ќе ги отстранат екстремистичките содржини.

Комисијата за избори и демократија во дигиталното доба Кофи Анан, во извештај заклучи дека дезинформациите се користат како оружје за дискредитирање на демократските институции и се поттикнува општествена недоверба, и се напаѓаат политичките кандидати.

Социјалните медиуми се покажаа како корисна алатка за екстремистичките групи да испраќаат пораки на омраза и да поттикнуваат насилство, предупредува групата, наведувајќи ги како пример изборите во САД, на Филипините и во Нигерија.

Соочен со критики дека ја губи битката со екстремизмот, Фејсбук минатата година објави серија мерки против дезинформацијата на гласачите пред изборите за претседател на САД во ноември.

Платформата за размена на информации, исто така, објави дека ги отстранила руските профили на Инстаграм насочени кон гласачите на САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...