Поетска аптека за луѓе со психички проблеми

356

Во малото британско гратче Шорпшајер, поетесата Дебора Алма реши да отвори поетска аптека, бидејќи верува оти при проблеми со психичкото здравје, ниту еден лек не е подобар од песните. Освен тоа, нејзината „установа“ издава песни со рецепт.

Изминативе шест години, Дебора Алма ја водела „Службата за поезија за итни случаи“ низ училишта, фестивали и бројни настани, претставувајќи ги поемите како лек за психички заболувања.

Таа својата мисија ја води со својот партнер, исто така, поет – Џејс Шерд.

Идејата ја добила работејќи со луѓе со деменција, при што забележала дека некои поеми позитивно влијаат врз расположението на пациентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...