Турскиот суд вчера осуди 14 новинари вработени во весникот „Џумхуриет“ на затворски казни под обвинение за тероризам, додека тројца се ослободени.
– Новинарите се осудени од 2,5 до 7,5 години затвор. Уште едно лице, кое не беше вработено во „Џумхуриет“, обвинето е за активности на Твитер и е осудено на 10 години затвор, истакна адвокатот Озден Оздемир.
Новинарите од „Џумхуриет“ се обвинети за поддршка на мрежата на Фетулах Ѓулен, муслимански свештеник, кој за Анкара е инспиратор на неуспешниот обид за воен удар во Турција во 2016 година.
Осудените ги негираат обвинувањата.
– Ова не е пресуда по законот. Ова е политички случај, посочи Оздемир.