Пејачот на легендарната група „Блек Сабат“, Ози Озборн во разговор со водителите во емисијата „Добро утро Америка“ откри дека има поблага форма на Паркинсовата болест.
Тој рече дека неговата болест е откриена во февруари минатата година, откако незгодно паднал и морал да откаже бројни концерти поради лошата здравствена состојба, јавува Би-Би-Си.
– Ова беше тежок предизвик за сите нас. Јас го одржав последниот настап за Нова Година и потоа паднав незгодно. Имав операција на вратот што ми ги уништи нервите, рече Озборн.
Тој вели дека сега е на лекови за Паркинсоновата болест и против болки во нервите, што ги има уште од операцијата.
Ова е првпат да се потврди дека Озборн страда од болест, за што долго време се шпекулираше.